Пријавените откако од непознато лице набавиле фалсификувани влезни карти за Фестивалот Грин Бич кој требало да се одржи на Парк плажа во Охрид на 28/29-ти јули, продале четири билети на лице од гевгелиското село Миравци.
Истиот ден, по 22 часот, од организаторот на фестивалот при обид за влез на посетители, со службените читачи на бар кодови и холограми било констатирано дека 20 влезни карти се фалсификат, а при претрес во просторијата во Извиднички Центар каде пријавените биле сместени и привремено престојувале, пронајдена била и со потврда привремено одземена уште една фалсификувана-лажна влезна карта за истиот фестивал.
Ohridnews












