Како што се наведува во информацијата во весникот, од страна на Пазарниот инспекторат било потврдено дека, покрај облеката од познати трговски марки, се фалсификувала и храна и пијалоци.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство изјавиле дека има ваква храна, но дека станува збор за мал број откриени примероци.
Храната најчесто е произведена во домашни мини-фабрики или е увезена. По формата и по амбалажата многу личи на оригиналот, а дека е фалсификувана потврдуваат производителите или увозниците на оригиналните примероци. Досега никој не направил анализа на овие производи, бидејќи кога истите ќе бидат откриени, се сметаат за небезбедни и се уништуваат согласно со законот, пишува Дневник.