Минималната победа на Манчестер Јунајтед во дерби средбата со Арсенал 1-0 еден фан на „топчиите“ го чинело загуба на куќата поради опклада.


Ова неверојатна приказна доаѓа од Уганда, а тој се обложил со симпатизер на Манчестер Јунајтед, кој за влог ги имал ставено сопругата и колата.

После победата на „црвенита ѓаволи“ симпатизерот на Јунајтед ја добил опкладата и го избркал од дома несреќниот фан на Арсенал.

Мх.П.