Ракометната федерација на Македонија во соработка со спортската компанија Хумел и регионалниот дистрибутер за спортска опрема „Д-спорт“ отворија фан шоп во Скопје.
Во новоотворениот фан шоп можат да се најдат дресовите од машката и женската репрезентација и сите други пропратни реквизити со кои располаат селекциите.
На отварањето покрај првиот човек на ФФМ, Живко Мукаетов присуствуваа и селекторот и тренерот на Металург, Лино Червар, новиот член во Управниот одбор, Наумче Мојсоски, членови од машката и женската ракометна репрезентација и многу навивачи кои ја продавницата посветена на македонскиот ракомет.
Фото:24ракомет.мк
OhridNews