Со тројка пред звукот на сирената Перо Антиќ ги изедначи бројките на семафорот и ја спаси Атланта Хоукс од пораз против Шарлот на гостински терен. Во дополнителните пет минути „јастребите“ стигнаа до бодовите победувајќи 118-116.

Покрај тројката Антиќ имаше учинок од седум асистенции, четири скокови, две блокади и една украдена топка за рекордни 22 минути игра.

 

Мх.П.