Тијаго Алкантара со фантастичен погодок во 93-та минута донесе победа 2-1 и три бода за Баерн Минхен на гостувањето кај Штудгарт.


Претходно „швабите“ со голот на Ведат Ибишивеќ поведоа со 1-0, а на 1-1 изедначи Клаудио Пизаро. Целиот плен за „баварците“ го осигура Алкантара во последната минута од судиското продолжение.

Со оваа победа избраниците на Пеп Гвардиола се одлепија на 13 бодови од второпласираниот Баер Леверкузен.