Со голот од пенал во втората минута од судиското продолжение Марио Балотели донесе триумф за Милан над Удинезе 2-1 и имаше фантастично деби во дресот на “росонерите“.


Се на мечот се вртеше околу “супер марио“, тој ја имаше првата прилика за погодок но шутираше покрај голот, но италијанскиот репрезентативец не погреши во последната и донесе значајни три бода за Милан.

 Во 25-та минута Балотели го постигна дебитанскиот погодок за Милан откако шутираше прецизно од непосредна близина.

Фудбалерите на Удинезе во вториот дел брзо постигнаа изедначувачки погодок преку Пинци и беа решени да му ја расипат забавата на Балотели. Но, во втората минута од судиското продолжение “фараонот“ Ел Шарави беше соборен во казнетиот простор, а судијата Паоло Валери досуди најстрога казна.

Балотели сам ја презеде одговорноста. Во манир на голем играч Балотели го испрати голманот на Удинезе, Падели да спротивната страна и донесе неизмерна радоста на Сан Сиро.

По победата над “црно белите“ избраниците на Масимилијано Алегри се изедначија на табелата со градскиот ривал Интер и полека ги достигнуваат местата кои водат во Лигата на Шампиони.

Мх.П.