Италијанскиот репрезентативец Стефан Ел Шарави постигна два гола во пресврт победата на Милан со 3-1 на гостувањето кај Катанија. Домаќините по првите 45 минути замина на одмор со предност од 1-0 благодарение на голот на Легротаље. Милан пресвртот го направи за 3 минути со погодоците на Шарави и проектилот на Боатенг, а популарниот “Фараон“ победата ја потврди во судиското надополнување.

Бариентос кај Катанија и Боатенг кај Милан поради црвени картони предвреме го завршија мечот.

Во сабота од 20.45 минути се игра градското дерби меѓу Јувентус и Торино, в недела од 12.30 Наполи ја пречекува Пескара, додека Интер во попладневниот термин ќе игра против Палермо.