Фармацевтите јавно им се обратија на претседателката на Фармацевтската комора и Собранието, најитно да се заложат кај надлежните институции во државата, да продолжи нивната вакцинација, откако процесот беше прекинат поради недостиг на вакцини.
По информациите дека во земјата пристигна нова количина вакцини Спутник В, ве молиме да вложите максимални напори вакцинацијата да продолжи онаму каде што застана. Како дел од здравствениот систем и еден од столбовите во справувањето со оваа пандемија, сметаме дека го заслужуваме тоа. – и напишаа на матичната комора фармацевтите од повеќе сектори.

Вакцинатцијата во Македонија започна во средата со вакцина од типот АстраЗенека, со која се вакцинираат лица над 60 годишна возраст, додека со вакцината Спутник ќе се вакцинираат и лица од таканаречените приоритетни групи, кои се соочуваат со здравствен ризик при секојдневното работење.
OhridNews











