Водечката екипа на табелата во Супер лигата, Еурофарм Работник со отпуштање на Стефан Дрогришки го најави дербито со Охрид во осмата рунда од македонскиот ракометен шампионат.

„Фармацевтите“ спогодбено го раскинаа договорот со повремениот македонски репрезентативец Дрогришки. Битолчанецот кој дејствува на позицијата среден бек во редовите на Еурофарм Работник се пресели од тимот на Металург. Претходно тој настапуваше за Пелистер.

Заминувањето на Дрогришки нема премногу да ја наруши концепцијата на Еурофарм Работник кој има ултра квалитетни ракометари во својот состав.

„Еден два“ дербито во Супер лигата на програмата е в сабота со почеток во 17 часот. Покрај овој дуел во осмата рунда силите ќе ги одмерат Пролет – Струга, Бутел Скопје – Радовиш, Пелистер – Прилеп, Борец – Вардар Јуниор.

OhridNews