Шеесет и едногодишен охриѓанец го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случи вечерва на улицата ”Радојца Новичиќ”.

Тој со велосипед се движел по улицата кога во него удрило возило марка ”Фолксфаген Пасат”.

Велосипедистот веднаш бил пренесен во специјалната болница Св. Еразмо каде им подлегнал на повредите.

По наредба на јавен обвинител извршен е увид на местото на настанот, а истрагата треба да ги утврди причините за несреќата, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

OhridNews