На 10.09.2025 во 20:30 часот на улица „Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 38-годишно лице од Охрид.
Тој се сомничи дека претходно со подесен алат и со физичка сила се обидел да отвори прозор и да влезе во куќа на истата улица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“ во обид по член 236 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
На 10.09.2025 во 16:35 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 41-годишно лице од Охрид, кој е баран врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од една година и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Тој е спроведен во Казнено – поправната установа „Затвор Прилеп“ за издржување на казната, додаваат од МВР.
OhridNews