Поради постоење на основи на сомнение дека сторил вкупно десет кривични дела „Тешка кражба„ СВР Охрид, поднесе кривична пријава против М.Л.(21) од ресенското селото Јанкоец. 

Пријавениот М.Л. преку добро разработен систем, со употреба на подесен алат и со физичка сила, ги разбивал сигурносните брави од вратите и со употреба на физичка сила, насилно влегувал во повеќе куќи во Охрид, како и по селата Косел, Лескоец, Плаќе, Оровник и Волино.  Притоа, М.Л. одземал казани за варење ракија со различна литража, повеќе други бакарни предмети, електрични кабли за струја, метални цевки во различни профили, повеќе други метални предмети, рачни колички и низа од алат и прибор за работа. Во извршувањето на тешките кражби, истиот вршел исклучување од доводот на трансформатори по што ги вадел електричните кабли.

На 20-ти минатиот месец, околу 22 часот и 30 минути, пријавениот, извршил откопување на кабел поставен кај месноста „Прентов мост“ покрај магистралниот пат Охрид-Битола. Со извршените тешки кражби, М.Л. се стекнал со против-правна имотна корист од над 150.000 денари.


По серијата кражби, што  М.Л. ги изврши изминатиов период, одделението за општ криминалитет и полициската станица Охрид, реализираа оперативни активности, кои резултираа со негово пронаоѓање и приведување.

Во текот на минатиот месец, СВР Охрид, откри повеќе лица од Прилеп, Скопје и од Охрид, сторители на  близу 40 кривични дела тешка кражба во Охрид и околните места, во кои на штета на повеќе граѓани, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од близу 1 милион и петстотини иљади денари. Сторителите на овие тешки казнени дела, меѓу кој и познат извршител баран од Основниот Суд во Скопје, за издржување на казна затвор во траење од шест месеци, најчесто со кршење на буренцата од влезните врати, се качувале преку балконите, ги користеле металните конструкции по дворовите, ги кршеле прозорите, по што вршеле брзо пребарување по собите одземајќи пари и другите вредни предмети.

СВР Охрид, реализира повеќе претреси при што пронајде дел од користениот алат и од одземените предмети.

OhridNews