Тој, со подесен алат и прибор, околу 03.50 часот, насилно влегол во продавницата за оружје „Трофеј„ во Трговскиот центар „Амам„ кршејќи ги катинарите од металната заштитна решетка и стаклото од влезната врата. По извршеното пребарување во внатрешноста на продавницата А.Д. од фиоката на касата одзел околу 53. ооо денари, а од витрината за оружје, одзел еден воздушен пиштол марка „Гамо„ и еден сигнален пиштол марка „Екол„ со што предизвикал материјална штета од околу 61.8оо денари.
Во брзата интервенција на полициските службеници, било извршено блокирање и преглед на трговскиот центар и пошироката околина, при што на крстосницата на улиците „Петар Чаулев„ и „Аргир Маринчев„ сега приведениот А.Д. бил пронајден сокриен под паркирано патничко моторно возило.
При преглед, кај него пронајдени се пари во различни апоени, на појас пронајден е еден пиштол, додека уште еден пиштол е пронајден во непосредна близина на местото каде, А.Д. се обидел да се сокрие. Полициските службеници, пронајдоа и една метална шипка која најверојатно е употребена при вршењето на кривичното дело.
По целосно документирање на овој настан, против А.Д. кој е познат сторител на кривични дела Кражба, ќе биде поднесена соодветна пријава.