Охридските полицајци деновиве фатиле крадец на дело. Покрај ова на подрачјето на СВР Охрид во текот на изминатата недела, регистрирани се и две кривични дела,,Тешка кражба“ три кривични дела ,,Кражба“ едно кривично дело ,,Изнуда“ едно кривично дело ,,Телесна повреда“ и пет кривични дела ,,Оштетување“. Јавниот ред и мир е нарушен во шест случаи, а евидентирана е една сообраќајна незгода во која е предизвикана помала материјална штета, соопшти полицијата.
На подрачјето на Полициската станица – Струга, регистрирани се едно кривично дело ,, Тешка кражба“ и едно кривично дело ,,Кражба“. Во истиот период регистрирана е една сообраќајна незгода со предизвикана материјална штета.
Извор СВР












