Поради постоење на основи на сомнение дека сторил две кривични дела тешка кражба, СВР Охрид, поднесе кривична пријава против Д.Ѓ. (23) од Охрид, на кого од страна на истражен судија при Основниот суд Охрид му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.
Пријавениот Д.Ѓ. во периодот од 30-ти Април, до 1-ви Мај оваа година, со употреба на подесен алат, делувал на прозорецот од подрумските простории на две семејни куќи на улицата „Веле Марко„ од каде, против-правно, одзел поголема количина златен накит и пари, стекнувајќи се со противправна имотна корист, од вкупно 1.229.200 денари.
Пријавениот, успеал да ги разбие прозорите од подрумските приземни простории, а потоа со кршење на стаклото и со употреба на физичка сила, насилно влегол во куѓата, од каде одзел поголема количина златен накит и пари. Со тоа, сега притворениот, го оштетил сопственикот, за 829.200 денари.
Веднаш, по оваа кражба, Д.Ѓ. преку отворот на таванот се префрлил во втората куќа, од каде од горниот спрат одзел поголема количина злато, во вредност од 4000.000 денари.
При извршен претрес во домот на притворениот, полициските службеници пронашле повеќе златни и сребрени предмети, алуминиумски фолии со стопен и претходно користен хероин, повеќе клучеви за елзет брави, еден метален сеф и повеќе други предмети интересни за службата.