Поради постоење на основи на сомнение дека сторил три кривични дела „тешка кражба“ СВР Охрид, поднесе кривична пријава против П.Н.(22) од Охрид, по што, истражен Судија од основниот Суд Охрид, му одреди мерка притвор во траење до 30 дена. Со поднесената кривична пријава, опфатени се и лицата А.Ј.(27) Т.Б.(22) Х.Е.(25) сите од Охрид, а поради сторено кривично дело „Прикривање“.

Пријавениот П.Н. во периодот јануари- март оваа година, со употреба на подесен алат и физичка сила, насилно ги разбил сигурносните брави од повеќе деловни објекти.

Од продавница за компјутери и компјутерска галантерија во Охрид, истиот против-правно одзел 7 лап-топ компјутери, монитор и други помошни компјутерски предмети. Од салон за мебел, каде П.Н. влегол преку прозор од подрумска просторија, обивајќи ја касата, одзел 41.520 денари и еден мобилен телефон. Кон крајот на Јануари, П.Н. насилно ја отворил вратата од тоалетот на бензиска пумпа на магистралниот пат Охрид-Битола, и преку противпожарниот апарат се искачил до прозорецот од магацинската просторија. Не успеал целосно да го отвори, по што се обидел со шипка за мерење на гориво во резервоарите, да одземе штеки со цигари.

Со извршените тешки кражби, М.Л. се стекнал со против-правна имотна корист од над 210.000,оо денари.

OhridNews