
Полицијата акцијата за апсење на осомничениот ја спровела по претходни оперативни сознанија. Танески како што соопшти полицијата не пружил отпор при апсењето.
Зоран Танески се сомничи дека вчера околу 3:45 часот на улицата „Лазо Трпоски“ во Охрид, со повеќе убоди од нож ја убил неговата сопруга, 24-годишната Анита Танеска, со која неофицијално имале несогласувања во бракот поради што таа пред извесно време го напуштила.
Се очекува Tанески вечерва да биде изведен пред истражен судија каде треба да даде изказ за делото за кое се товари.












