Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 28-годишен стружанец.

– Тој, казненото дело го сторил на десетти минатиот месец во Струга кога со подесен предмет насилно го отворил прозорот од куќа, влегол во внатрешноста и извршил пребарување по собите. Притоа, пријавениот противправно одзел пари во разна валута, злато, телевизор, разновидна облека, еден мобилен телефон, ДВД, звучници и други поситни предмети, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Со извршувањето на казненото дело, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 120.000 денари.

OhridNews