Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 34-годишен стружанец.

– Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од осми до дванаесетти минатиот месец во куќа лоцирана  на улицата „Ристо Крле“ во Струга. Тој со тврд предмет го скршил прзорецот од приземјето на куќата, влегол во внатрешноста и извршил пребарување низ собите. Притоа, во спалната соба пронашол и одзел поголемо количество златни комплети и разновиден златен накит, швајц апарат, косалица на струја и два мобилни телефони, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Со извршувањето на казненото дело, пријавениот причинил материјална штета и се стекнал со противправна имотна корист од 185.000 денари.

OhridNews