Повеќе од 30 000 артефакти, меѓу кои има грчка и римска керамика, шлемови, светилки, стрели и копја, се запленети во рамки на најновата операција против трговија со културни добра, заедничка операција на Европол, бугарските и шпанските полициски служби.

Со истрагата биле опфатени 17 имоти во Бугарија и Шпанија, што резултирало со приведување на 13 осомничени.

Предметите се продавале преку интернет, на познати страни за продажба и аукции, каде криминалците користеле лажни профили, соработувајќи меѓусебно со цел да се постигнат повисоки цени на предметите.

OhridNews