Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 25- годишно лице од струшкото село Велешта и 28- годишна жителка на струшката населба Теферич.

На 29-ти овој месец, при преглед на чанта сопственост на второпријавената пронајдени се вкупно шеснаесет опаковки со опојна дрога хероин завиткани во жолта најлонска фолија, а наменети за натамошна продажба на наркозависници од Струга и Охрид. Прегледот е извршен околу 18 часот по претходни оперативни сознанија дека жената, во близина на хотел во центарот на Струга, остварува контакт со наркозависници и врши препродажба на хероин.

– Второпријавената секојдневно остварувала контакт со првопријавениот од кого редовно добивала по 20 опаковки со хероин по што таа телефонски  со наркозависници договарала место за продажба и преземање на дрогата. Парите од продажбата потоа му ги предавала на првопријавениот за што добивала 1000 денари независно од бројот на продадените опаковки хероин,информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

При извршен претрес во домот на лицето од Велешта , а по наредба на Основниот суд во Струга, пронајдена е една дигитална вага и испратена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

OhridNews