Пријавените, во периодот од декември минатата, до половината на јануари оваа година, со употреба на подесен алат ги извршиле казнените дела на подрачјето на Охрид и селото Мешеишта, против-правно одземајќи повеќе предмети.
Во првата недела од овој месец, А.Ф. и Б.Р. со употреба на метална штрангла, насилно ги отвориле металните врати на фабриката „Отекс„ и одзеле еден трансформатор, шест водни пумпи, шест електро-мотори и околу 100 килограми бакар.Кон крајот на минатиот месец, тие, насилно ги отвориле влезните врати на еден стан и една куќа, а на истиот начин влегле и во работилница во Белчишта од каде одзеле поголема количина електричен кабел.
На 16-ти овој месец, пријавените, насилно влегле и во основното училиште во селото Сливово, од каде со арматурни клешти ја пресекле заштитната ограда од внатрешните скали во школото.
Со извршените дела и тешки кражби, пријавените, се стекнале со против-правна имотна корист од 150.000 денари.