Непосредно по неовластеното влегување во хотелот „Изгрев„ во Струга и вршење на кривично дело „Кражба„ вчера во близина на хотелот биле фатени М.И(35) од селото Франгово и  А.Х.(26) од селото Калишта. 

Двајцата, вчера околу 16 часот и 30 минути, со намера да извршат кражба, заедно со неколку други лица, пристигнале до хотелот по што М.И. насилно и неовластено влегол во хотелот „Изгрев„ Од страна на Полициските службеници од Струшката полициска станица, М.И. и А.Х. се фатени и приведени додека останатите од групата се разбегале.

Кај М.И. фатен во внатрешноста на хотелот, пронајдени се: метални клешти, бонсек, хебла, ножици за лим, повеке видови штрафцигери, разни клучеви, нараквици, батериска лампа и друг предмети.

Како што наведуваат од СВР акцијата за фаќање и приведувањето на овие лица, било резултат на добри оперативни податоци до кои дошла Полициската станица во Струга. Се работи за лица кои досега не биле сторители на вакви или други казнени дела.

Полициската станица од Струга, презема мерки за  целосно расчистување на овој случај и утврдување на идентитетот на останатите лица кои биле пред Хотелот „Изгрев„ по што ке биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews