Секторот за внатрешни работи Охрид, пронајде  и приведе три лица романски државјани,  кои заедно со уште три други, вчера извршија тешка кражба во златарата „Прима Голд“ во охридската чаршија. Против шест члената група романски државјани, поднесена е кривична пријава поради постоење на основи на сомнение дека сториле едно кривично дело „Тешка кражба“.

Трит елица се приведени непосредно по кражбата, а од страна на истражен судија одредена им е мерка притвор во траење од 24, односно 48 часа.

СВР Охрид, презема дополнителни мерки за пронаоѓање на други три лица кои се во бегство.


Тешката кражба била извршена вчера околу 15 часот, кога во златарата, заедно влегла шест члената група. Додека дел од нив со разни прашања за накитот и цените, се обидувала да и го одвлече вниманието на вработената, останатите успеале од стаклениот пулт со изложен накит да одземат прстени, нараквици и друг златен и сребрен накит.


Според сознанијата на СВР, членовите на романската група во текот на вчерашниот ден во Охрид пристигнале со патничко моторно возило, по што разгледале неколку златари во чаршијата, а во „Прима Голд“   ја извршиле тешката кражба. 

OhridNews