Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“ и две казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 34-годишен стружанец.

Како што информираат од СВР Охрид, пријавениот, казнените дела ги сторил во периодот од 25-ти декември минатата, до 14-ти јануари оваа година, најнапред во помошна просторија во струшкото село Радолишта, а потоа во магацински простор и во даночното оделение на УЈП во Струга.

– Тој, во помошните простории влегол употребувајќи го клучот оставен до влезната врата, при што одзел една моторна пила, флекс машина, комплет кутија со алати со што причинил материјална штета од 40.000 денари. Пријавениот во објектот УЈП-Даночно одделение-Струга, влегол насилно со употреба на тврд предмет и одзел радијатори и вентили и предизвикал материјална штета околу 60.000 денари. Во магацинскиот простор, успеал да влезе откако со чекан го скршил катинарот од влезната врата, извршил пребарување, а потоа одзел еден апарат за швајцување, две брусалици, 50 метри електричен кабел и една поголема вреќа со бакарни жици и кабли, инфорира портпаролот Стефан Димоски.

Со извршувањето на ова казнено дело, сега пријавениот предизвикал материјална штета од околу 32.500денари.

OhridNews