СВР Охрид поднесе кривична пријава против 13-годишник од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка телесна повреда”. На 01.01.2018 година во кругот на основното училиште „Братство“ во Охрид пријавениот со нож нападнал 29-годишно лице, при што му нанел тешка телесна повреда на градниот кош. 

СВР Охрид  поднесе кривична пријава и против 39годишно лице од охридското село Горно Лакочереј, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство”.  Пријавениот на 25-ти јануари, ја нападнал  неговата невенчана сопруга при што и нанел телесни повреди.

 

OhridNews