Утрово околу 01 часот во охридската полициска станица е приведен Ш.Ф. (23) од Охрид.

Истиот, заедно со уште едно засега непознато лице, со намера да вршат кривично дело „Кражба„ неовластено влегле во кругот на „Отекс„ и се упатиле кон еден од фабричките погони.  Од страна на полициските службеници, двете лица се забележани во моментот на обид за изнесување на електричен кабел со поголема должина.

Забележувајки ги полициските службеници, Ш.Ф. и неговиот пријател, го отфрлиле електричниот кабел и се обиделе да избегаат од фабричкиот двор. Ш.Ф. активно им се спротивставил на полициските службеници пружајки отпор кон приведувањето што го искористил неговиот пријател и успеал да избега од кругот на „Отекс„.

СВР Охрид, работи на целосно расветлување на овој настан по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews