Федералното истражно биро на САД (ФБИ) потврди дека пронашло два нови сомнителни пакети испратени по пошта, а упатени до претставник на Демократската партија на Калифорнија во Претставничкиот дом на САД, Максин Вотерс.

Пронајдените сомнителни пакети имале слични карактеристики како и претходните пет во кои беа откриени експлозивни направи, адресирани кон политичарите и медиумите.

Потенцијалните експлозивни пратки беа испратени до Хилари Клинтон, Барак Обама, Си-Ен-Ен телевизија и други противници на Доналд Трамп, пишува АФП.

Ова, додава агенцијата се случува во време среде кампања пред парламентарните избори закажани за 6 ноември во САД, а информацијата ја пренесува и агенцијата Франспрес.

Белата куќа соопшти дека тоа е ужасен инцидент и дека сторителите ќе одговораат пред судот.

Претседателот на САД, од своја страна, рече дека во САД нема место за политичко насилство, додека првата дама, Меланија Трамп инциденти ги нарече „кукавички напади”.