Иако најновата АТП листа објавена во понеделникот не донесе никакви промени на листата на најдобри тенисер, швајцарецот Роџер Федерер влезе во историјата како тенисер кој најмногу недели ги преседел на врвот.

На најновата листа на АТП, Федерер со 11.075 поени, го држи првото место пред Новак Ѓоковиќ, кој има само 75 поени помалку.

Ова е вкупно 287 недела во која Федерер е на првото место на листата, со што официјално стана нов рекордер.

Претходната недела, со освојувањето на Вимблдон, Федерер по подлга пауза се врати на првото место на листата и се изедначи со Пит Сампрас, по бројот на недели поминати на врвот, а од денес е осамен во оваа статистичка категорија.

Федерер прв пат изби на првото место на листата на АТП на 2 февруери 2004 година, по што 237 недели последователно не беше симнат од таму.

Трет на најновата листа и натаму е Рафаел Надал со 8.905 поени, следи Енди Мареј со 7.460 поени и Давид Ферер со 5.455 поени.