Искусниот шпански тенисер Томи Робредо во четвртото коло на US Open што се игра во Њујорк го елиминираше некогашниот рекет бр.1 Роџер Федерер со 3:0, по сетови 7:6, 6:3, 6:4.


Роџер Федерер

Ова е прва победа на Робредо во десетиот меѓусебен дуел со петкратниот освојувач на US Open.

Во четвртфиналето Робредо ќе се сретне со сонародникот Рафаел Надал, кој во осумте најдобри се пласира по победата над Германецот Филип Колшрајбер со 3:1.

OhridNews