Швајцарецот Рожер Федерер е четвриот полуфиналист на гренд слем турнирот Австралија Опен.  Федерер во 1/4 финалето го совлада Французинот, Жо Вилфред Цонга со 3-2 во сетови (7-6, 4-6, 7-6, 3-6, 6-3), и во полуфиналето ќе се сретне со Енди Мареј, кој претходно триумфираше над Жереми Шарде со 3-0.


Втората полуфинална двојка ја сочинуваат рекетот број еден Новак Ѓоковиќ и шпанскиот тенисер Давид Ферер. Полуфиналните дуели закажани се за в четврток и петок.

Мх.П.