Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер и Чехот, Томаш Бердрих ќе се сретнат во финалето од АТП турнирот во Дубаи.

Бердрих без посериозен проблем обезбеди пласман во финалето откако со чисти 2-0 го елиминираше германскиот тенисер Колшрајбер.
Федерер во осмото финале на турнирот во Дубаи ќе атакува на шестата титулата додека Бердрих сеуште е без трофеј откако минатата сезона во финале претрпе пораз од Ѓоковиќ.
Мх.П.











