Федерер во три сета, со 6:3, 6:4, 6:4 го победи Фернандо Вердаско и во следната фаза ќе игра против Марди Фиш. Американецот во три сета го совлада Жил Симон. 
Мареј, победникот на олимпискиот турнир, на теренот мина речиси четири часа против Фелисијано Лопез. Британецот победи со 3:1, добивајќи ги своите сетови во тај-брејк. Следен противник на Мареј ќе му биде Милош Раониќ, Канаѓанецот во три сета го елиминира Џејмс Блејк.
Турнирот заврши за уште еден од домашните тенисери, Сем Квери, кој во четири сета загуби од шестиот носител Томаш Бердих.
Четири сета за пласман во следната рунда играа Николас Алмагро против Џон Сок, односно Марин Чилиќ против Кеи Нишикори.
					


							






