Рекетот број еден Рафаел Надал и Рожер Федерер без поголеми проблеми ги започнаа натпреварите на АТП турнирот во Монте Карло.

Надал за еден час и 14 минути со 2-0 во сетови го совлада Габашвили додека швајцарскиот тенисер за само 52 минути го победи Штепанек.

Претходно победа во првата рунда забележа и Новак Ѓоковиќ, кој заедно со Надал се фаворити за трофејот во Монте Карло.

Мх.П.