Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер со 2-0 во сетови го совлада Мише Ѕверев на турнирот Хале во Германија.

Победата Швајцарецот ја забележа без загубен гем во два сетови и обезбеди пласман во полуфиналето.

Мечот меѓу Федерер и Ѕверев траеше само 39 минути, а швајцарскиот тенисер во полуфиналето ќе се сретне со Томи Хас.

Мх.П.