Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер триумфираше на АТП турнирот во Дубаи. Во финалето „Федекс“ го совлада Томаш Бердрих со 2-1 (3-6, 6-4, 6-4) во сетови.
Чешкиот тенисер одлично му се спротистави на Федерер во финалето, кој во 1/2 финалето го елиминираше Ѓоковиќ. Сепак, Швајцарецот не дозволи изненадување и ја „зграпчи“ титулата.
Ова е шести триумф на Федерер во Дубаи додека Бердрих претрпе втор пораз во финалињата на овој турнир.
Мх.П.