Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер триумфираше на АТП турнирот во Дубаи, кој е дел од мастер 500 серијата.


Во финалето Федерер го совлада водечкиот рекет во тенисот Новак Ѓоковиќ со 2-0 во сетови (6-3 7-5).

Со победата над српскиот тенисер Федерер ја зголеми предноста во меѓусебните пресметки (20-17) и ја освои седмата титулата во Дубаи.

Ohridnews