Швајцарецот Роџер Федерер се пласираше во финалето на Ролан Гарос во Париз, совладувајќи го Новак Ѓоковиќ во четири сета  – 7:6, 6:3, 3:6, 7:6.


Федерер му го нанесе првиот пораз на Ѓоковиќ сезонава,а во финалето ќе се сретне со првиот рекет на АТП листата Рафаел Надал.

Надал во првото полуфинале извојува победа против Енди Мареј, совладувајќи го во три сета – 6:4, 7:5, 6:4.

Федерер кој ја прекина доминацијата на Ѓоковиќ има можност да го придодаде трофејот број 17 во неговата мошне богата кариера.
Ohridnews