Рожер Федерер минатата недела го наполни својот 38. роденден, по што оваа недела се враќа во акција на „својот“ американски турнир во Синсинати. Швајцарецот пред новинарите во Охајо зборуваше за епскиот пораз во финалето на Вимблдон од Новак Ѓоковиќ, во меч во кој пропушти две меч-топки и потоа загуби во тај-брејк во петтиот сет.

Повеќе учам од поразите отколку од победите. Понекогаш ќе победиш и не се сеќаваш што си направил, а поразот подолго е со тебе. Но, тоа е дел од играта. Бев лут од начинот на кој загубив на Вимблдон, но во исто време си помислив едвај ги чекам следните три меча против Новак за да можам да покажам што умеам. Можеш да одиш и со тоа: Се е лошо и никогаш нема да играм тенис, тоа е страшно’. Но, така ја губиш енергијата и важно е да останеш позитивен и да одиш напред. – вели Федерер.

Тој откри како го поминал својот роденден на 8 август.

Бевме во швајцарските планини и имавме мала прослава. Мојата сопруга ми направи торта и децата уживаа. Потоа отидовме на прошетка, а вечерта дојдоа некои пријатели. – објаснува Федерер.

OhridNews