Најтрофејниот тенисер на грен слем турнирите Рожер Федерер избори пласман во финалето на Вимболдон, откако во полуфиналето во тенискиот блокбастер го совлада Рафа Надал со 3-1 во сетови. Федерер во финалето ќе има нова тешка задача, бидејќи ќе се сретне со најдобриот тенисер моментално Новак Ѓоковиќ.
- Како што одминуваше мечот беше се потешко и потешко. Надал одигра неколку сјајни гемови со кои остана во игра. Темпото во дуелот беше на многу високо ниво. Првиот сет беше многу долг, стигнав до водство и пробав да го задржам. Во вториот Надал играше феноменално. Беше агресивен и заслужено дојде до егал. Потоа одигра јас добро и го добив натпреварот. Во секој случај уживав играјќи со него. – изјави Федерер.
В недела на главниот терен, Федерер против Ѓоковиќ ќе го заокружат најновото издание на најстариот грен слем турнир во светот.
- Ѓоковиќ одигра одлично полуфиналето. Тој ја брани титулата и покажа зошто сега е најдобар. Се надевам дека ќе можам да се спротиставам на соодветен начин и да го победам. Ќе биде тешко финале, но искрено се радувам. – додаде Швајцарецот.
OhridNews
Ѓоковиќ против Федерер во финалето на Вимболдон