Ова е темата на која расправаа учесниците на работилницата која се одржа изминатите денови во просториите на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии . Учествуваа дванаесет членови на локалните комитети на ЕЕСТЕЦ во цела Европа, како и студенти од охридскиот факултет кои покажаа голем интерес за овој семинар.
Целта на семинарот беше учесниците да се запознаат со напредните технологии во обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност. За таа цел, беа ангажирани најдобрите професори, експерти од индустријата и членови на Македонската Академија на Науките и Уметностите.
Според експертите, географската позиција на Македонија е поволна за користење на сончевата енергија како извор на топлина. Мерењата покажале дека во текот на целата година климата дозволува да се произведува енергија од сонце.