Европската куќа на фудбалот (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против холандскиот клуб Феенерод и фудбалерот на Рома, Адем Лјаиќ.


Домаќинот на мечот од Лигата на Европа е обвинет за лоша организација, фрлање на пиротехнички средства и ширење на расизам.

Српскиот репрезентативец е обвинет за провоцирање на домашните навивачи по погодокот, кој го постигна во 45-та минута.

Натпреварот на „Де Кјуп“ беше прекинат петнаесетина минути во 54-та минута по црвениот картон, кој го доби домашниот фудбалер по остриот старт над противничкиот фудбалер, а навивачите со секакви предмети го „наполнаа“ теренот.

После завршување на дуелот, кој му припадна на Рома и се пласираше во 1/8 финалето холандската полиција уапси 42 лица кои го нарушиле јавниот ред и мир.

Истата дури и погрда слика имаше во Рим, кога навивачите на Феенерд се судрија со италијанските „карибинери“ и настана тотален хаос по улиците на главниот град на Италија.

Ohridnews