Португалскиот репрезентативец Раул Меирелеш професионалната кариера ќе ја продолжи во турскиот гигант Фенербахче. Меирелеш ланската сезона за Челси беше една од клучните алки во освојувањето на титулата во Лигата на Шампиони и ФА Купот.

За “фенер“ ова е трето мега засилување откако во своите редови ги доведоа холанѓанецот Дирк Кајт и србинот од Јувентус, Милош Красиќ.

Турскиот преставник во Лигата на Европа, Фенербахче во групата е сместен со Олимпик Марсеј, Борусија Менхенгладбах и АЕЛ.

Мх.П.