Турскиот фудбалски гигант, Фенербахче излезе со соопштение по прекинот на натпреварот од Суперкупот на Турција против Галатасарај.

Натпреварот што требаше да се одигра вчера заврши по само три минути. Фенербахче истрча со младински тим и по примениот гол, тимот го напушти теренот. Така Фенербахче доживеа службен пораз, а Галатасарај стана освојувач на трофејот.

Излеговме на теренот не за да победиме, туку да ги браниме нашите права. Не само во фудбалот, туку и во секоја индустрија на која припаѓаме, ние му служиме на турскиот спорт во текот на нашата 117-годишна историја. Во нашиот музеј се сместени илјадници трофеи заработени со нашиот труд. Ги споделуваме националните вредности заедно со 30 милиони фанови. Ќе продолжиме принципиелно да си ги браниме нашите права. Не го менуваме нашиот став ниту денес, ниту утре, и тој е ист како и вчера, се вели во соопштението на клубот.

На 19 март прес-службата на Фенербахче објави дека клубот ќе го разгледа прашањето за можно повлекување од турскиот фудбалски шампионат.

Исто така клубот објави дека нема да учествува во Купот на Турција.

OhridNews

фото. МИА/ЕПА