Фени Индустри го совлада Работнички со 93-82 и со севкупни 4-1 ја одбрани титулата во кошаркарско првенство на Македонија. “Лозарите“ ја искористија првата меч топка во финалната серија и по трет пат во својата клупска историја го освоија пехарот.


Најзаслужен за победата на Фени Индустри беше Војдан Стојановски, кој мечот го заврши со 18 постигнати поени, а на крајот беше прогласен и за МВП на финалето. Џарид Фрај постигна 17 поени, Дарко Соколов додаде 16.

Ohridnews