Фени Индустри и Работнички со победи ги започнаа полуфиналните серии во разигрувањето за титулата во македонската кошаркарска лига.

Кавадарчани ја искористи предноста од домашниот паркет и со високи 85-60 го поразија Торус за 2-0 предност. Тасовски  (17п и 10 ск) , Фрај 16 п и Соколов 11 поени ги предводеа “портокаловите“ до нов триумф.

Во вечното дерби, Работнички како гостин славеше против МЗТ Скопје со 78-74. Натпреварот кој поради казната на “металците“ се одигра без публика, беше одлучен во последниот период. Богоев уфрли 17, Мираковски 16 поени за момците од паркот, додека најпрецизен на мечот беше Петровски со 18 постигнати поени.

Ohridnews