Освојувачот на купот на Македонија Фени Индустри во 1/2 финалето од плеј оф го совлада Торус со 82-74 (23-9, 18-27, 28-28, 13-10). Портокаловите со овој триумф стигнаа до третата победа која води во финалето од македонската кошаркаска супер лига.


Фени Индустри предводени од Михајловски кој постигна 18 поени додаде и 7 скокови, Богоев уфрли 14 поени, 5 асистенции и 5 скокови. Поразот на Торус не го спречи ни дабл дабл учинокот на Тадич, кој постигна 29 поени и  освои 11 скокови.

Во финалето Фени Индустри ќе се сретне со Вардар Осигурање.

ohridnews