Фени Индустри е третиот победник во балканската БИБЛ лига. Во финалниот меч  во салата Јасмин во Кавадарци македонскиот шампион со 88-75 го совлада бугарскиот Левски.


Најефикасен на мечот беше Дарко Соколов со 23 поени , двоцифрен број поени кај Фени Индустри постигнаа уште Војдан Стојановски 17 , Горан Самарџиев 14 и Душан Кнежевиќ 11.

Признанието МВП – најкорисен играч на завршниот турнир му припадна на играчот на Фени Индустри Дарко Соколов, кој и на полуфиналето во петокот беше најефикасен постигнувајќи 24 поени.

Ohridnews