Актуелниот првак во Библ лигата Фени Индустри претрпе пораз од левски со 86-76во полуфиналниот меч од разигрувањето за титулата во Тел Авив.

Фени во текот на мечот имаше на два пати предност од седум поени, но големите падови во играта резултираа со пораз кој ги симнува од тронот во Библ лигата.

Во второто полуфинале, силите ќе ги
одмерат израелските Хапоел Тел Авив и Галил Гилбоа. Победниците ќе се
сретнат во финалето закажано за в понеделник.

М.П.